Skip to content

Санација на свлечишта Јанче и Скудриње

На регионалниот пат Р1202, меѓународен пат кој не поврзува со Република Албанија, поточно на делницата Жировница-Бошков мост во близина на село Јанче и на село Скудриње се појавија свлечишта, односно слегнувања и деформации на патот како последица од ерозивни дејствија на реката Радика која тече по должина на патот што влијае за небезбедно одвивање на патот.

За првото свлечиште кај село Јанче санацијата е предвидено да се изведува во две фази. Првата фаза опфаќа изведба на армирано бетонска потпорна конструкција со вкупна должина од 45 м, фундирана на триесет  армирано бронски колови со пречник 60 см и висина до 8,4 м. Вторта фаза од санацијата опфаќа изведба на габионски ѕид во должина од 40м под самата армирано бетонска потпорна конструкција која ќе служи како заштита од ерозивните дејсвија на река Радика.

Санцијата на второто свлечиште кај село Скудриње опфаќа изведба на армирано бетонска потпорна конструкција со вкупна должина од 70м, фундирана на педесет и пет армирано бронски колови со пречник 80 см и висина до 8 м.
По завршувањето на предвидените ѕидови ќе се изврши комплетна реконструкција на патот во рамките на зоната на свлечиштето.

Активности за санација на свлечиштата отпочнаа и во моментов Изведувачот отпочна со работа на свлечиштето во Скудриње и се работи на бушење, армирање и бетонирање на колови. Избетонирани се три армирано бетонски колови.

Предвиден буџет за санација на двете свлечишта е 22.279.671.96 денари со ДДВ, а рокот за извршување на работите е 12 месеци односно до 04.08.2021 година

Безбедноста пред сѐ!

Сподели: