Завршена поправката и рехабилитацијата на А4 делница, Струмица-Ново Село

Од Буџет на ЈП за државни патишта е финансирана поправката и рехабилитацијата на државните патишта: Р1302 делница, Струмица-Берово и А4 делница, Струмица-Ново Село. Договорната цена сo ДДВ изнесува: 82.772.941,00 денари.

Договорот опфаќа поправка и рехабилитација на делниците:
1. Р1302 делница, Струмица-Берово во должина од 6.6км
2. А4 делница, Струмица-Ново Село со должина од 2.9км

Делницата Струмица-Ново Село  е целосно завршена.
Должина од 2.9 км
Ширина: 6 м
Вредност: 23,75 милиони денари