Санација на свлечиште (одрон) Велес – Градско кај местото Цуцка

Природата создава свои градби, а човекот е тука да ги припитомува. На регионалиот пат Р1102 кај местото Цуцка природата создала карпа којашто години наназад прави проблеми и свлечишта. Јавното претпријатие за државни патишта пролетва отпочна со градежни активности за санација на свлечиштето и при тоа бевме и сме сведоци на интересни и актрактивни начини на санација.

Па така, со видео запис го проследивме т.н кавење кое го правеа симпатичните момци, алпинисти, од Хрватска, кои се качува на косините и рачно ги соборува сите карпи што се во нестабилна состојба. Потоа следуваше ставање на шипови во карпите, ставање на заштитни мрежи, бетонирање за да се запре одронувањето и продорот на водата во самите карпи којашто е и најголемиот штетник за  патиштата.

Веќе денес санацијата на свлечиште (одрон) Велес – Градско кај местото Цуцка е во завршна фаза и изведени се:

  • Изградба на потпорен ѕид и санација на дел од пат кој беше уништен
  • Бетонирана е врзна греда со поставување на нова еластична ограда од тип H2W1
  • Извршено е кавање на карпата
  • Извршено е поставување на SN и SDA анкери во карпа за мрежа и торкет бетон
  • Извршено е поставување на торкет бетон прва фаза, поставување на арматурна мрежа и поставување на торкет бетон втора фаза
  • Извршено е поставување на заштитна мрежа со бетонски тегови заедно со челична сајла за зајакнување на заштитната мрежа
  • Извршено е поставување на бариера за заштита од одрони со минимум кинетичка енергија на апсорбција од 1000 кЈ

Работи кои треба да се извршат се:

  • Изработка на ригола со бетонски ивичњак
  • Изработка на асфалт тип АБ11
  • Расчистување на локација и повлекување на градежна механизација од локација

ЈПДП очекува овие процеси да се завршат за 20-тина дена. Инвестиционата проценета вредност, пак, со ДДВ за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари.

ЛИНК ДО ВИДЕО