Skip to content

Започнува рехабилитација на 79 километри на шест делници со средства од ЕБОР

Јавното претпријатие за државни патишта по добиеното одобрение од страна на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), и потпишаните Договори со Изведувачите, ги воведе во работа и започна рехабилитација на 6 делници со средства од ЕБОР.

Имено, воведени се во работа Изведувачите на следниве патни правци:

1. Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец–Катланово (лев и десен коловоз), должина 5,5 км; Вредност 4,84 милиони евра.
2. Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови– Жировница, должина 18,5 км; Вредност 6,18 милиони евра.
3. Рехабилитација на регионален пат Р1303, делница Кичево–Македонски Брод, должина 25,75 км; Вредност 3,15 милиони евра.
4. Рехабилитација на регионален пат Р1206, делница Карпалак–Желино, должина 12,20 км; Вредност 1,65 милиони евра.
5. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Узем–Тораница, должина 6,91 км; Вредност 1,75 милиони евра.
6. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Македонска Каменица–Саса, должина 10 км; Вредност 2,27 милиони евра.

Вкупната должина делниците коишто ќе се рехабилитираат е oколу 79 километри. Изведувачите се воведени во работа по што отпочнаа со подготвителните активности.

Овие шест патни правци наскоро ќе добијат поинаква слика од моменталната.

Безбедноста пред сѐ!

Сподели: