ЈПДП: следиме прогрес на изградба на заштитна ограда на обиколница Битола на државен пат А3 (Е-65)

За прв пат во нашата држава се поставува звукозаштитна ограда од овој тип во должина од 860м. Звукозаштитните бариери се еколошки, имаат висок коефициент на апсорбција на звукот, а се направени од бетонска маса во која се додадени гранули од гума добиени од рециклирани гуми. Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава со кое ќе ги заштитиме граѓаните кои живеат во околината, а од друга страна ќе придонесеме за зголемена безбедност во сообраќајот.

Звучните бариери се поставуваат од левата и од десната страна на коловозот при што на крајните делови од секој потег ќе се постават крилни ѕидови со што се спречува секаков вид на поминување.

Изградбата се одвива на 4 потега и заклучно со месец јули реализирани се поголем дел од активностите. Целосно поставена е звукозаштитна ограда на потегот 1 и 4, при крај се активностите на потегот 2, завршени се бетонски работи и поставени челичните профили од двете страни на потегот 3.

Проектот е финансиран од Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта со договорна цена од 36.552.762,50 денари (сo ДДВ).
Безбедноста пред сѐ!

Видеото од прогресот на изградбата на заштитната ограда на обиколница Битола на државниот пат А3 (Е-65) може да го погледнете на следниов линк.