Skip to content

Заврши санацијата на свлечиштето Р 2238 Маврово-Галичник

Пред дваесетина дена објавивме дека го следиме прогресот во работата на свлечиштето кое се наоѓаше на регионалниот пат Р2238, делница Маврово–Галичник на четвртиот километар од Маврово. Свлечиштето во изминатиот период се санираше и е веќе завршено.

Да потсетиме. Станува збор за свлечиште кое е настанато со свлекување на трупот од патот кој се наоѓа во засек во длабок дол како последица на обилни врнежи на дожд. По појавата на свлечиштето веднаш се пристапи кон изработка на проектна документација, Основен проект, а потоа и комплетна санација на свлечиштето.

Санационите работи се состоеја од изведба на Армирано бетонски ѕид во должина од 60 м, фундиран на 67 армирано бетонски бунари со пречник од 60 цм и должина од 11 м шах- матно поставени во основа. По изведбата на Армирано бетонскиот ѕид изведен е насип и нова асфалтна конструкција во должина од 1 км. Изведена е нова, во најголем дел бетонирана, канафка за прифаќање на површинските води кои се честа појава за која за спроведување на водите се изведени три нови пропусти, од кои два над потпорниот ѕид и еден под потпорниот ѕид со што е заокружена санацијата на свлечиштето.

Буџет издвоен за санацијата изнесува 22 640 000.00 денари без ДДВ.
Безбедноста пред сѐ!

Сподели: