Шест патни правци наскоро ќе добијат поинаква слика од моменталнава.
Имено, Јавното претпријатие за државни патишта по добиеното одобрение од страна на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), потпиша Договори со Изведувачите за следните 6 делници:
1. Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), должина 5,5 км
2. Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, должина 18,5 км
3. Рехабилитација на регионален пат Р1303, делница Кичево – Македонски Брод, должина 25 км
4. Рехабилитација на регионален пат Р1206, делница Карпалак – Желино, должина 16 км
5. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Узем – Тораница, должина 9 км
6. Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Македонска Каменица – Саса, должина 10 км
Вкупната должина на 6-те делници коишто ќе се рехабилитираат е 84 километри. Изведувачите ќе бидат воведени во работа по што отпочнуваат со подготвителните активности