Skip to content

Неколку факти и бројки за Автопат А2, делница Кичево-Охрид

54 објекти, како што се вијадукти, надпатници и подтпатници, се градат на оваа делница и тоа:

  • 15 вијадукти поголеми од 150м¹, со вкупна должина од 7.387,82м¹.
  • 39 вијадукти помали од 150м¹, надпатници и подпатници, со вкупна должина од 2.669,60м¹.

Најимпресивен од сите нив е конзолниот вијадукт што се гради кај село Добреноец, најголем од предвидените.

За првпат во Македонија македонска компанија гради конзолни вијадукти.

  • Неколку факти и бројки:
  •    Конзолен вијадукт,
  •    Вкупна должина 520,76м
  •    Висина на столбовите 70м
  •    Длабоко темелење на шипови со дијаметар ф120 см, со должина од 11,00-17,00 м
  •     Попречен пресек во променлива висина од 8,00м над столбовите до 3,50м во средина на распонот

Уште неколку факти и бројки поврзани со делницата:

  • Автопатската делница Кичево – Охрид се состои од пет подделници
  • Се работи на 5 клучки во моментов
  • Се работи на алтернативни и паралелно пристапни патишта
  • На потпорни ѕидови – 3.579,00м¹., и на
  • 194 цевасти и плочасти пропусти

Приказна за споделување е и изградбата на тунелите. Процесот на изградба на тунели е нешто што не треба да го пропуштите доколку имате можност да го видите од блиску.

  • Тунел – две цевки (народски: два тунела), во вкупна должина од 4010м:
  • Вкупната должина на десната цевка е 1994,5м¹,
  • Вкупната должина на лева цевка 2015,5м¹,
  • Коловоз со ширина од 2 х 7,50м
  • Четири попречни премини, од кои едниот е и за возила, а останатите три се за пешаци

По завршување на градежните работи, останува да се изврши опремување и тоа:

    • електрична инсталација,
• вентилационен систем,
• хидрантска мрежа,
• против пожарна заштита,
• системи за детекција на опасни гасови,
• видео надзор,
• променлива сообраќајна сигнализација,
• изградба на команден центар и др.

Сите овие системи се во согласност со најсовремените европски стандарди.

И за крај. На овој проект во моментов се ангажирани многу работници и опрема, што во услови на општа криза значи дека многу семејства и фирми ангажирани на него опстојуваат. Или во бројки:

    • Работници: ангажирани  вкупно 652 работника, и
• Машини, опрема, возила, вкупно: 220.

Ова ќе биде најбезбедниот пат во државава затоа што не е најважно колку брзо ќе патувате, туку колку безбедно ќе патувате!

Сподели: