Санација на мост бр.12 над река Кратовка на регионален пат Р1205 Кратово – Пробиштип

Мостот се наоѓа на самиот влез во градот Кратово. Ширината на коловозот на мостот е 7,5м со две пешачки патеки по 2,0м. Предвидени средства за санација на овој мост се во висина од 24.520.295,00ден без ДДВ.
Активности во моментов: вадење на асфалт, вадење на постоечка израмнителна плоча за пристап до АБ плоча, одстранување на оштетени и сегрегирани делови од АБ плоча, пескарење на АБ плоча, перење и дување со компресор на АБ плоча, бушење на анкери, армирање на новата АБ плоча комбинирано со мрежа и класична арматура, бетонирање на нова АБ плоча со МБ 40 и со различна дебелина поради големите оштетувањна старата коловозна плоча и др.