ЈПДП: Поставено ново осветлување и видео надзор во старите тунели Демир Капија 1 и 2

Јавното претпријатие за државни патишта се грижи за безбедноста на учесниците во сообраќајот и информира дека на магистралниот пат А1, делница Демир Капија–Удово е ставено во пробна работа  ново осветлување и светлосна сигнализација со ЛЕД технологија, како и опрема за видео надзор во старите тунели Демир Капија 1 и 2.

Осветлени се 877 метри со 296 тунелски ЛЕД светилки за јавно осветлување и 12 асиметрични ЛЕД рефлектори за осветлување на пристапно-излезните зони од тунелите.

Исто така, за управување со сообраќајот на влезовите во тунелите и пред тунелите поставени се два променливи светлосни знаци, за известување и доставување на информации за состојбата во тунелите. Во самите тунели, пак, на бетонските рабници од коловозот, поставени се 112 ЛЕД смероказни светлосни катадиоптри со бели диоди од едната страна и црвени диоди од другата страна

За мониторирање на сообраќајот во тунелите поставени се 38 IP камери и 4 ротациони (PTZ) камери, кои преку оптичка комуникациска врска се поврзани со Контролниот центар во Неготино. Преку два 32-канални мрежни видео рекордери се врши 24 часовно снимање на целиот сообраќај, а физички, во реално време се врши мониторинг и контрола на сообраќајот преку четири Ultra HD LED 4K професионални монитори

За непрекинато снабдување на осветлувањето и опремата за мониторинг, контрола и управување со сообраќајот во тунелите Демир Капија 1 и 2, поставени се два дизел агрегати со капацитет за напојување со електрична енергија за период од 48 часа.

Со поставувањето на ново ЛЕД осветлување, светлосна сигнализација и опрема за видео надзор, се подигна на високо ниво безбедноста на сообраќајот во старите тунели Демир Капија 1 и 2. За оваа намена Јавното претпијатие за државни патишта издвои средства во висина од 28.068.909 денари (без ДДВ).