Јавното претпријатие за државни патишта информира дека согласно со препораките и мерките на Владата на РСМ презеде активности во насока на заштита и безбеденост на учесниците во сообраќајот на државните патишта во Републикава, како и за вработените на Наплатните пунктови.
Имено, ЈПДП обезбеди поголема количина на маски, ракавици и антибактериски средства сѐ со цел да се заштитат вработените и патниците коишто поминуваат на наплатните рампи.
Според последните анализи, пак, направени во текот на вчерашниот ден од страна на Наплатната служба, интензитетот на сообраќајот е намален.
ЈПДП апелира до сите учесниците во сообраќајот на државните патишта во Републикава да бидат максимално одговорни и да се придржуваат до препораките и мерките на надлежните институции.