Сугарески и Китанов во Дојран: Комплетно ја рехабилитираме патната мрежа за престојната туристичка сезона

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, извршија увид во рехабилитацијата на државниот пат Раброво-граничен премин Дојран, инвестиција вредна 830 илјaди евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта.

При увидот министерот Сугаревски потенцираше дека минатата година ресорот Транспорт ја заврши со одлична реализација на инвестициите и ја започна исто така со одлична динамика во изградба и санација на целокупната инфраструктура и што е значајно градежната сезоната започна  многу порано, а стартот е повеќе од успешен.

Денеска извршивме увид на рехабилитација на овој посебно значаен патен правец, бидејќи го поврзува граничниот премин кон соседна Грција и од тој аспект обезбедуваме квалитетно регионално поврзување. Овој дел на државата е посебно значаен заради развој на туризмот и токму нашите залагања е да обезбедиме подобри услови во патната и комуналната инфраструктура, се со цел да го подигнеме квалитетот на услуги што ги нуди Дојранскиот регион. Инвестираме повеќе од 3 милиони евра само во реконструкција на патната мрежа. Дополнително преку министерството на Дојран му обезбедивме околу 600 илјади евра за изградба и санација на локалните улици, така што генерално патната мрежа целосно ја обновуваме”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, при вршењето на увидот изјави дека очекува рехабилитацијата на овој патен правец да заврши кон крајот на април, почетокот на мај и за мајските празници делницата подготвено да ги пречека туристите.
„Рехабилитацијата на овој пат ја започнавме во ноември минатата година. Заради поефикасна работа делницата е поделена на четири дела и веќе првиот дел е завршен. Интензивно се работи на асфалтирање на делот од  Стар до Нов Дојран, потоа следува делот до граничниот премин. Очекуваме мајските празници оваа делница да биде подготвена за туристите, а од друга страна да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот. Денеска се асфалтираат и последните метри од делот од Смоквица до Богданци, а да најавам и дека проектот за обиколница Богданци е завршен и следува тендерирање”, изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Според градоначалникот на општина Дојран, овие инвестици ќе придонесат за развој на туризмот и подобрување на условите во општината. Тој додаде дека преку проектот за локални патишта ќе се реконструираат и три патни правци во населените места Фурка, Црничани и Николиќ