ПРОЕКТОТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ ПРОЕКТИ ОТПОРНИ НА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, УПАТСТВО ЗА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА е финансиран со заем од Светска Банка. Проектот беше имплементиран од консултантската фирма IMC Worldwide, Велика Британија.
Упатство и придружната Методологија се подготвени за ЈП за државни патишта, за да овозможат подобро разбирање на влијанието на климатолошките настани врз патната мрежа во Република Северна Македонија, соодветните начини на интервенции кои се достапни, како и приоритетите во однос на инвестициите. Упатството е подготвено како серија на поврзани документи, секој документ наменет за различен корисник во рамките на ЈП за државни патишта и компаниите кои работат во транспортниот сектор во Република Северна Македонија.
Како што е истакнато во Описот на истражувачките потреби на ЦЕДР во 2012 (CEDR 2012 Climate Change DoRN): „Органите што се одговорни за патната мрежа треба да го оценат ефектот на климатските промени врз патната мрежа и да преземат мерки за делување во делот на проектирањето, изградбата и одржувањето на патната мрежа. Приоритизирањето на мерките со цел да се максимизира отпорноста на патиштата на климатските промени со разумни трошоци е една од најважните задачи на управувачките претпријатија со патиштата”.
Целта на упатството е, врз основа на искуството стекнато во Република Северна Македонија и Западен Балкан, да ги поддржи креаторите на политики и носителите на одлуки во воспоставувањето на основа за да се разгледува отпорноста на климатолошките хазарди во програмите за управување со патишта и плановите за реализација. За таа цел, упатството предлага флексибилна методолошка рамка што може да се користи од надлежните органи за да се процени ранливоста на нивната патна мрежа на природни хазарди, особено на поплави и свлечишта. Методологијата овозможува примена дури и во услови на помала достапност до податоци и капацитети на државните институции, овозможувајќи им да се справат со ризикот и флексибилност да развијат соодветни планови за инвестирање. Со цел да се поддржат носителите на одлуки во ЈПДП во проширувањето на активностите за проценката на ранливоста и да се подобри можноста за реакција, развиен е посебен пристап за проценка на ранливоста на патната мрежа од споменатите хазарди, дополнет со „алатка“ што ќе ги поддржува процесите на избор / проектирање на посоодветни инженерски и неинженерски (структурни и неструктурни) мерки од страна на изведувачите ангажирани од ЈП за државни патишта.
Основната цел на ова Упатство е преку нивната примена ЈП за државни патишта да го унапреди целокупниот процес на проектирање во сите фази на управување со проектите. За изготвување на проекти отпорни на климатски промени, како за нови, така и за патиштата што треба да се реконструираат сите учесници треба да бидат запознаени со влијанијата на климатските промени, како и да се применуваат најдобрите меѓународни практики.“
- „ДЕЛ A – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА УПАТСТВОТО ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ ПРОЕКТИ ОТПОРНИ НА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“
- „ДЕЛ Б – УПАТСТВА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ ПАТИШТА ОТПОРНИ НА КЛИМАТСКИ ВЛИЈАНИЈА“
- „ДЕЛ В – ПРЕГЛЕД НА ИНЖЕНЕРСКИ И НЕИНЖЕНЕРСКИ МЕРКИ НА НИВО НА ПРОЕКТ“
- „ДЕЛ Г – ПРЕГЛЕД НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОСТАВЕНОСТ, ПРАВНИ АКТИ И ПРЕПОРАКИ“