Рехабилитација на Магистрален пат Делчево – Звегор
Должина: 5 км.
Вредност: 24,6 милиони денари
Комплетно е асфалтиран патот, се работи на одбојна ограда.
Рехабилитација на регионален пат Делчево – Пехчево
Должина: 10,8 км.
Вредност: 61,5 милиони денари
Започнато со гребење и поставување на слој асфалт за порамнување и пополнување на ударни дупки
Рехабилитација на регионален пат Р1304 Берово – Виница
Должина: 11 км.
Вредност: 116,8 милиони денари
Започнато со подготвителни работи
Рехабилитација на Р1310 Берово – ГП – Клепало
Должина: 5,7 км.
Вредност: 89,2 милиони денари
Градежните работи се во тек
Рехабилитација на Р1310 транзитен дел низ Берово
(ул.Моша Пијаде)
Должина: 1 км.
Вредност: 8 милини денари
Започнато со гребење на постојниот коловоз и подготвување за асфалтерски работи
Рехабилитација на Р2345 Трсино – Бигла
Должина: 2 км.
Вредност: 16 милиони денари
Во тек се подготвителни работи (земјени работи и тампонирање)
Јавното претпријатие за државни патишта со овие изградби ги опфати сите патишта во Малешевскиот дел и понатаму продолжува со целосна посветеност на градежните активности.