Skip to content

Работна средба на претставници на Јавното претпријатие за државни патишта со Групацијата за агрегати, бетони и асфалти и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија

Групацијата за агрегати, бетони и асфалти во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на работната средба одржана на 12.03.2019 година со претставници на Јавното претпријатие за државни патишта и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, дискутираше за потребата од преземање активности во врска со процесот за донесување на техничките услови, со посебен осврт на техничките услови за битуменски мешавини.

Сподели: