Skip to content

Известување за проект за изградба на експресен пат А2, делница Крива Паланка – Ранковце во должина од околу 25 км.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе реализира проект за Изградба на експресен пат А2, делница Крива Паланка – Ранковце во должина од околу 25 км.

Истовремено ЈПДП спроведува проект за рехабилитација на следните регионални и државни патишта во РМ:
– Рехабилитација на магистралниот пат А3, делница Битола-Макази;
– Рехабилитација на магистралниот пат А3, делница Ресен-Буково;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р1105ГП, делница Нов Дојран-Николиќ;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р1402, делница Мокрино-Смоларе;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р2343, делница Делчево-Голак;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Ново Село-Бунец;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р2335 и Р2336, делница Лажани-Ропотово-Црнилиште;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р2335, делница Кривогаштани-Обршани-Воѓани;
– Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Бунец – Маврови Анови;
– Рехабилитација на државниот пат А3, делница Кочани – Делчево.

Во соработка со општините Крива Паланка и Ранковце, ЈПДП формираше Комитети на граѓани кои за време на градежните активности ќе имаат особено значајна улога при реализација на проектот.
Имено, доколку се појават било какви проблеми, жалби, поплаки или предлози за подобра реализација на проектот од локалното население преку Формулар за поплаки улогата на Комитетот награѓани (Citizen Committee) ќе биде да ги разгледува истите и да предлага соодветни мерки со цел да може да се адресираат преку Надзорниот орган до ЈПДП.

Формуларот за поплаки можете да го симнете ТУКА.
Дополнителни контакти за спроведување на активности во делот на механизмот на жалби и поплаки, можете да остварите во општините Крива Паланка и Ранковце, како и на следните броеви и електронска пошта:
02/ 23118 044 лок. 312
gragjani@roads.org.mk

Сподели: