Во 2016 г. активно ќе се работи на 24 регионални патишта и на 7 автопати со вкупна должина од  околу 600 километри

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во својот отчет најави дека и следната 2016 година, ќе бидат изградени пет нови експресни патишта и ќе се реконструираат шест регионални патни правци.
2015 година беше најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија. Ова денеска го подвлече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој го презентираше отчетот за 2015 година.
Отчетот содржи над 200 проекти и уште многу потпроекти и услуги што ги реализира Министертвото за транспорт и врски.

    Фото : МИА

Во делот на патната инфраструктура активно се работеше на околу 400 километри патна мрежа.
Годинава се работеше на изградба на три нови автопати а воедно се реконструираа и уште две автопатски делници во вкупна должина од 165 километри или инвестиција од околу 800 милиони евра.
-Со засилено темпо работевме на изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри и инвестиција од 210 милиони евра. Очекуваме овој автопат да го завршиме крајот на следната година.  Вториот автопат од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција до сега, изградбата чини 374 милиони евра. До крајот на оваа година завршени се 14 %од градежните работи. Интензивно продолживме со изградба и на автопатот од Скопје до Штип во должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра. 2015 година ја завршуваме  со вкупно завршени 34 % од градежните работи, рече Мисајловски.
Во соработка со Делегацијата на Европската Унија, оваа година завршена е реконструкцијата на автопатската делница од Велес до Катланово со должина од 23 километри и инвестиција од 6,6, милиони евра.
Деновиве  започна реконструкцијата на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра. Се очекува да се заврши за една година. Во завршна фаза е и  со отпочнување на реконструкција на делницата од Скопје до Куманово, инвестиција од 16 милиони евра.
-Во делот на автопатскта мрежа,ја работиме проектната документацијаза изградба на делниците од Требениште до Струга, од Гостивар до Кичево и до Скопје до Блаце. Исто така во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, во 2015 година започнавме со изградба и реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта со вкупна должина од околу 167 километри и инвестиција од околу 50 милиони евра. Го завршивме регионалниот пат од Маврово до Маврови Анови а во завршна фаза е патот од Клепач до Новаци. Продолживме со изградба на регионалниот пат од Скопје до Сончев град, на експресниот пат од Велес до Кадрифаково и од Опае до Станчиќ, истакна министерот.
Во 2015 година започна реконструкција на следниве регионалите патишта: Битола Ресен Буково, Ново Село до Маврово, од Мокрино до Смолари , од Нов Дојран до Николиќ, Тетово- Брвеница – Гостивар, од Бошков мост до Дебар, од Делчево до Голак, Мелнички мост до Центра Жупа и Кривогаштани до Воѓани.
–Следната година ќе продолжиме со уште позасилено темпо бидејќи ќе започнеме изградба на 5 експресни патишта а воедно ќе започнеме со рехабилитација на уште 6 регионални патишта, што значи дека следната година активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати со вкупна должина од  околу 600 километри. Во делот на локалната мрежа во 2015 година завршена е со изградба и реконструкција на 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри.
-Инвестиравме околу 6 милиони евра во поставување на над 1000 нови знаци и осветлување на клучките и раскрсниците. Обезбедивме дополнителни 1,3 милиони евра за реконструкција на лежиштата на 13-те мостови на Коридор 10 што ги рехабилитираме во соработка со НАТО, инвестиција од 10 милиони евра, очекуваме за завршиме втор квартал во 2016 година.Започнавме со реконструкција на патарината во Романовце, прва од петте предвидени со проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 10, инвестиција од колу 18 милиони евра, потенцираше министерот Мисајловски во делот за патната инфраструктура.