Skip to content

Ќе се гради нов експресен пат Штип- Кочани, обезбедени средства од ЕБОР

Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.

Експресниот пат треба да почне да се гради во првиот квартал следната година.
– Во Лондон го потпишавме договорот со Европската банка за обнова и развој за финансирање нов експресен пат од Штип до Кочани. Вредноста на проектот е 53 милиони евра кои ќе овозможат да се изгради целосно нов експресен пат со четири ленти во должина од 28 километри кој ќе ги поврзува Штип и Кочани. На тој начин им излегуваме во пресрет на граѓаните на Штип, на Кочани и на другите населени места со изградба на модерен пат кој ќе обезбеди побезбедно и побрзо патување помеѓу овие два града – изјави вицепремиерот и министер за финансии Ставрески по потпишувањето на Договорот.
Фил Бенет првиот потпретседател на Банката ,по потпишувањето на Договорот за ЕБОР рече дека клучен приоритет во Македонија е развој на инфраструктурата. – Добро развиени и современи регионални транспортни конекции ќе го зајакнат регионот и ќе го подобрат пристапот на оддалечените области до поголемите пазари. Во прилог на ова, подобрениот дизајн на продолжувањето на патот ќе резултира во значајно зголемување на безбедоста- истакна Бенет.

Сподели: