Skip to content

Отпочна рехабилитацијата на регионалниот пат Клепач-Новаци, патен правец кој ги поврзува општините Могила и Новаци.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈПДП Александар Стојанов и градоначалниците на Могила и Новаци, Стево Пивковски и Лазар Котевски го означија почетокот на рехабилитацијата на регионалниот пат с. Клепач – Новаци. Патот е долг 19,3 километри, а инвестицијата е вредна 1,15 милион евра.

-Многу ми е мило што после еден месец денеска сме повторно тука за да започнеме она што го ветивме пред граѓаните. Започнуваме со рехабилитација на еден многу значаен патен правец во овој регион кој ќе биде од огромна корист за жителите од двете општини. Практично овој пат ги поврзува општините Могила и Новаци и минува низ неколку населени места.Се надевам дека со оваа инвестиција ќе го подобриме квалитетот на живот во овие општини бидејќи знаеме колку им значи овој пат на жителите, изјави министерот Мисајловски.
Според динамиката на градежните работи ,се планира рехабилитацијата на регионалниот пат да се заврши за 12 месеци.
– Во завршна фаза е и проектирањето на свлечиштето што се јави на патот Битола -Новаци. Очекуваме и тоа набрзо да го санираме така да целосно сме посветени со инвестиции во патната инфраструктура во овој регион, изјави Александар Стојанов, директор на ЈПДП.

Сподели: