Почетокот на градежните работи на оваа делница беше означен во присуство на премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Во наредните шест месеци колку што е предвидено за реконструкција, ќе се постави нов асфалтен слој во должина од 6 км, а во насока на зголемување на безбедноста ќе се зголеми ширинатта на патот од постојните 4 – 4,5 метри на 6 метри.
ФОТО : МИА
-На мојата последна посета и самиот имав прилика да се уверам колку санацијата на овој пат е потребна и важна за жителите на Николиќ. Поради тоа посебно ми е драго што конечно ќе го решиме овој горлив проблем на граѓаните. За таа намена обезбедивме 1,4 милиони евра, истакна премиерот Груевски
Според министерот Мисајловски рехабилитацијата на овој патен правец е на барање на жителите од овој регион и со неа ќе се подобри патната инфраструктура во овој крај.