Skip to content

Пуштена во употреба делницата Маврово – Маврови Анови

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, денес ја пуштија во употреба реконструираната делница   Маврово-Маврови Анови.

Регионалниот пат  Маврово-Маврови Анови во должина од 6 километри е  афалтиран, свлечиштето кај Беличкиот канал е санирано и во тој дел  извршено е проширување на патот. Вкупната инвестиција изнесува 1,2 милиони евра, изјави министерот Владо Мисајловски, додавајки дека со оваа реконструкција значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој регион.

Сподели: