Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски денес извршија увид во градежните активности за санација на најоштетените делови на регионалниот пат Р 1102 во општина Петровец.
На оваа делница кој поминува низ населеното место Петровец, во тек е санација на најоштетениот дел од коловозот во должина од 1500 метри.
Со санацијата на овој дел од регионалниот пат, кој е значително оптеретен со голем број на возила ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.