Skip to content

Отпочнаа овогодинешните активности за осветлување на клучки на државните патишта

Со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата, но пред се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и оваа година ЈП за државни патишта го продолжува проектот за осветлување на клучките  на државните патишта.

Осветлувањето на 12 клучки и раскрсници на регионални патни правци со поддршка од Светска Банка е отпочнато и се очекува  овие активности да завршат до средината на септември оваа година. Се работи за клучките Оризари, Истибања, Удово,Асамати,Љубојно, Македонски Брод, Пелинце,Виница, Лаквица,Росоман и клучка Карпош- Куманово. Вкупната должина на осветлен пат на овие 12 клучки изнесува 10.200 метри, а ќе бидат поставени вкупно 255 еднокраки и двокраки канделабри. Инвестицијата е во вредност од 36 милиони  денари.

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска направи увид во градежните активности на клучката Карпош- Куманово  на регионалниот пат Куманово – Свети Николе како и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце. На клучката Карпош активностите се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека  на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе се отпочне со нивно поставување.

Паралелно се отпочнати градежните работи и на клучките Асамати, Љубојно и Суводол-Македонски Брод, а  се планираат активности за отпочнување и на клучките Оризари, Истибања и на влезот во Виница.

Сподели: