Skip to content

Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на клучката кај кумановското село Горно Коњаре и изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104 со автопатот Александар Македонски на Коридорот 10. Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид  по завршувањето со градежните работи.

Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија до сега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат , а по изградбата на новата сообраќајна лента  се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион . При тоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија. На клучката е поставена нова стандардна вертикална и хоризонтална сигнализација.

Финансиските средства за рехабилитацијата на клучката  во износ од 12 милиони денари се обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта.

Сподели: