Локалниот пат од Стопански двор кон село Свиларе во должина од 786 метри и 4 метри ширина и од Стопански двор кон локалните гробишта со должина од 284 метри и 7 метри широчина во населба Волково, општина Ѓорче Петров денеска свечено беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција вредна околу 81.000 евра.
На свеченоста присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мислајловски директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски.
Министерот Мисајловски истакна дека станува збор за многу значајна инвестиција за локалното население со која ќе се подигне квалитетот на урбаното живеење.
-Јас силно верувам дека со оваа инвестиција ќе се зголеми интерсот за изградба на објекти за индивидуално домување во населбата што би значело и поголем прилив на средства во самата општина. Со изградба на овој локален пат само ја потенцираме важноста на општината, отвараме нови можности за подобрување на условите на сегашните и идните инвеститори, рече Мисајловски.