Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на скопската општина Аеродром Ивица Коневски денес направија увид во градежните активности на локалниот пат Тодор Чангов во населбата Горно Лисиче.
Општина Аеродром со средствата кои и беа распределени преку владиниот Проект за подобрување на локалната патна инфраструктура во државата, аплицираше за изградба на три локални патни правци.
Активностите за рехабилитација на локалниот пат Тодор Чангов во должина од 1,63 км. веќе се отпочнати, а во наредниот период ке се отпочне со реализација и на локалниот пат низ Горно Лисиче во должина од 1,7 км..Рокот за завршување на овие два локални пата е август оваа година.
Преку овој Проект во 2013 г. во општина Аеродром беше завршен локалниот пат с.Долно Лисиче – с. Горно Лисиче во должина од 3,6 км.
Должината на овие три локални пата изнесува околу 7 км. со инвестициска вредност од околу 45 милиони денари.