Skip to content

Работна посета на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и на директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов на дел од градежните активности на автопатот во изградба Миладиновци – Штип

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и  директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов  денес  остварија работна посета на градежни активности на делница од  автопатот во изградба Миладиновци – Штип.

– Моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Динамиката е запазена. Имавме многу проблеми со врнежите и снеговите, но во моментов добро се одвиваат градежните активности и очекувам во летниот период да се зголемува динамиката, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на првата секција од автопатот Миладиновци – Штип на потегот кај селото Средно Коњаре.

Министерот нагласи дека изградбата на автопатиштата во Македонија претставува инвестициски бум во државата, при што  информираше дека паралелно се работи на автопатските  делници Кичево – Охрид каде работат 900 работници, на Демир Капија – Смоквица 700 работници, 100 работници се ангажирани на делницата Велес -Катланово како и 500 градежници на Миладиновци- Штип .

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов информираше  дека на делницата Миладиновци – Штип се работи на земјани работи, пропусти и косини, како и  на бетонирање на 3 мостови, 8 надпатника, 4 подпатника и 4 вијадукта.

Сподели: