Работна посета на директорот на ЈП за државни патишта Мисајловски на југоисточниот регион

Директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски во рамките на денешната посета на југоисточниот регион направи увид во градежните активности во општините Лозово, Радовиш,   Ново Село и струмичкиот регион.
Во општина Лозово заедно со градоначалникот беше направен  увид во реконструкцијата на магистралниот пат Велес – Кадрифаково.

Во радовишко  директорот Мисајловски направи увид во завршната фаза од изградбата на новиот мост кај Злеово,

по што го посети и село Дабиле во струмичкиот регион ,  каде   по дождовите кои го зафатија пролетва овој регион се појави вода која остануваше на коловозот. ЈП за државни патишта во рамките на своите надлежности го израмни коловозот и постави нов асфалтен слој во должина од 130 метри.

Во општина Ново Село  директорот Мисајловски оствари работна средба со градоначалникот на општината Блаже Велковски. На истата беше разговарано за проектите од областа на патната инфраструктура во општината кои се во надлежност на јавното претпријатие за државни патишта меѓу кои и за претстојната рехабилитација на регионалниот пат Мокрино- Смолари во должина од 4 километри.

Рехабилитацијата  на овој патен правец се очекува да започне  оваа година, а градежните работи да траат шест месеци. Во овој регион  од минатата година отпочната е надградбата на патната делница Струмица – Ново Село – граница со Република Бугарија во должина од 10 километри, проект кој се реализира преку Програмата за одржување на државните патишта во периодот 2014-2017 година. На средбата стана збор и за изградбата на регионалниот пат Старо Коњарево – Ново Коњарево во должина од 4 километри, проект кој во општина Ново Село  ќе отпочне со реализација следната година.