Спроведувајки ги Владините политики за зголемување на безбедноста во сообраќајот преку проекти за осветлување на државните патишта, Јавното претпријатие за државни патишта и оваа година продолжува со осветлување на клучките и влезовите во градовите низ државата. Во таа насока осветлен е надпатникот и средишниот дел на клучката на влезот во Куманово.
Во должина од 600 метри поставени се 12 двокраки канделабри со висина од 12 метри како и четири рефлектори под надпатникот . Осветлувањето е изведено со систем на намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки со намалување на влезниот напон .
Инвестицијата за изведување на осветлувањето е во вредност од 3 милиони денари.