Означен почетокот на изградба на клучката кај Смилковци

Започна изградбата на клучката на обиколницата Скопје во месноста Смилковци со која   ќе  се овозможи побрз и побезбеден транспорт на околу 8000 жители од 5 неселни места.

ФОТО /МИА
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека се работи за инвестиција од околу 40 милиони денари, градбата е предвидено да трае околу една година. Како што рече Јанакиески оваа клучка е многу значајна и за побрзо и побезбедно патување на граѓаните, а со неа за околу 10 километри ќе се скрати патувањето до центарот на градот.
Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски истакна дека оваа клучка е по иницијатива на месното население од Смилковци, Црешево, Виниче, Булачани , Раштак, Стајковци.
Директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски истакна дека овој месец очекува голема градежна експанзија во сите делови на Македонија.
-Почнавме со санација на мостовите, регионалните патишта,  локалните патишта, продолжуваме со изградба на клучки, очекувам овој месец поголема градежна експанзија на сите делови на Македонија, истакна Мисајловски.
Тој истакна дека на обиколницата Скопје има 9 клучки кои се функционални и осветлени, а оваа ќе биде 10 клучка со целосно ново осветлување.