Мени

Рустеми: „Привршуваат работите на 15-тиот тунел во државава, тунелот на авотпатот Кичево-Охрид“печати

Скопје, 21.11.2022

Територијата на Република Северна Македонија според процентот од вкупната територија 85,5 проценти е планинска земја, односно седма во светот и е во топ 10. Токму ова е една од причините градбите на новите патиштата да бидат покомплицирани бидејќи трасите најчесто поминуваат низ повеќе планини, превои, ридови, реки и сл.

Еден таков комплициран предел е пределот на трасата на автопатот во градба Кичево-Охрид, каде што беше извршен увид во тунелот од страна на претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски, заменик претседател на Владата Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Беше констатирано дека во пробиените две тунелски цевки веќе се изведуваат завршните асфалтерски работи.

Директорот Рустеми ги запозна присутните со карактеристиките на тунелот: „Тунелот има две цевки, кои имаат коловоз со ширина од 2 х 7,50м и четири попречни премини, од кои едниот е и за возила, а останатите три се за пешаци. Вкупната должина на десната цевка на тунелот е 1994,5м, а на левата цевка 2015,5м, или вкупно 4010м. Завршени се целосно примарната и секундарната конструкција, а се работи на изработка на тампонски слој и БНС 32, на електричната инсталација, хидрантската мрежа. Останува да се изработи уште вентилационен систем, против пожарна заштита, системи за детекција на опасни гасови, видео надзор, променлива сообраќајна сигнализација, изградба на команден центар и др. Овој тунел ќе биде најсовремениот тунел изграден по европски и светски стандарди и 15ти тунел на територијата на Република Северна Македонија.

Додаде дека при извршениот увид е констатирано дека на Автопатот А2, делница Кичево-Охрид се пробиени околу 95% од трасата.

„Во моментов се работи со над 800 работници по целата траса и со околу 400тини машини, односно механизација. И оваа можност ја искористивме да ги потсетиме изведувачот и надзорот да ја запазат динамиката и продолжениот рок за изградба кој како што знаете е до крајот на 2023 година. Инаку, автопатската делница Кичево–Охрид се состои од пет подделници, со вкупна должина од 57 км и со вкупна предвидена вредност од 598 милиони евра“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Сподели: