Мени

Започнаа градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Робово-Муртинопечати

Скопје, 14.09.2022

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и со директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта Костадин Ацевски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов присуствуваа на започнувањете на градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Робово-Муртино во должина од 3,5 км. Овој пат беше прекатегоризиран од локален во регионален пат за да се изврши реконструкција за што се издвоени и потребните средства.

Директорот Рустеми ја искористи можноста за да информира за идните проекти во овој регион со кои ќе се подобри безбедноста и квалитетот на патиштата во Југоисточниот регион.

Тој извести дека: „Многу брзо ќе почнеме со постапка за избор на изведувач заедно со Општина Струмица за реализирање на веќе подготвената проектна документација за патната делница Струмица–Дабиле во должина од 3 км од кои 1,8 км ќе се прошират со по две возни ленти и проширувањето завршува со кружен тек пред мостот, а на останатите 1,2 км предвидена е рехабилитација. Јавното претпријатие за државни патишта има подготвено проектна документација за патната делница Струмица–Валандово–спој со А1 во должина од 26,6 км, која е поделена на 4 подделници: Струмица–с.Костурино со вкупна должина од 7,6 км; втората подделница е од Костурино до Валандово со должина од 9,7км; подделницата три е од нова обиколка на Валандово до Валандово со должина од 4.9 км на ниво на експресен пат; и 4-та подделница која е од обиколка на Валандово до спој со А1 со вкупна должина од 4.4 км на ниво на експресен пат. Трасата завршува со оформување на клучка Марвинци со која се обезбедува континуитет кон Државниот пат А1“, изјави директорот на ЈПДП, Рустеми.

Додаде и дека во подготовка е и изработката на проектната документација за експресен пат, делница Струмица-граница со Р. Бугарија.

 

Сподели: