Мени

Рустеми и Бочварски на увид во градежните работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид печати

Скопје, 20.05.2022

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните работи на изградбата на автопатот А2, делница Кичево-Охрид.

„На денешниот увид на Автопат А2, делница Кичево-Охрид со министерот за транспорт и врски констатиравме дека се пробиени околу 95% од трасата, најголемиот дел од инфраструкурни проекти веќе се одобрени. При крај се да се решаваат целосно и голем број на постапки од надлежни (релеванти) иснтитуции. И денес побаравме од изведувачот да ја зголемат динамиката на изградба на автопатот со позасилено темпо, се работи на поголем број на вујадукти, на неколку клучки, на алтернативни и паралелно пристапни патишта, на потпорни ѕидови, се работи и на тунелите и на сѐ друго што е предвидено согласно со динамиката на изградба. Да потсетам дека автопатската делница Кичево–Охрид се состои од пет подделници, со вкупна должина од 57 км и со вкупна предвидена вредност од 598 милиони евра. Кичево-Охрид не е само автопат во должина од 57 километри, туку паралелно со него се градат и дополнителни 30 километри паралелни пристапни патишта, клучки, а се градат и шест девијации за локални патишта“, изјави по извршениот увид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Коридорот 8 е значаен за Република Северна Македонија и токму затоа неговата изградба и  модернизација е доверена на конзорциумот Бехтел и Енка. Во таа насока, и Собранието го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, кој опфаќа делница Тетово-Гостивар-Букојчани и проект за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан, како и коридорот 10 Д, односно делница на автопатот Прилеп-Битола.

Веќе е формиран и Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење, а по интензивната подготовка на целокупната тендерска документација објавивме оглас за избор на Надзор и правен Консултант кој што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата. И оваа постапка е во завршна фаза, така што со овој чекор се овозможува почеток на припремни работи за конкретна реализација на Проектот.

Сподели: