Мени

Следиме прогрес: Реконструкција на мост на река Пчиња или т.н. Искрин мост, на регионалниот пат Куманово - Свети Николепечати

Скопје, 16.12.2020

Искрин мост може слободно да го ставиме во рубриката „верувале или не“ бидејќи е изграден пред 50 години и оттогаш не е поправан ниту реконструиран и е еден од најдолгите во државата, 335 метри. Сепак, годините си го направиле своето. Токму  затоа Јавното претпријатие за државни патишта издвои околу 2 милиони евра за негова санација.

Санација на мост е сложен процес и условно речено „видливите“ работи доаѓаат на крајот. Но, на помалку видливите интензивно се работи. Па така, во тек е зајакнување на средните столбови/џекетирање (проширување на постоечкиот пресек на столбот за д=15 см). Мостот има 8 средни столбови и два крајни. Досега комплетно се санирани 3 средни столба, а на 2 столба се врши санација. Исто така, паралелно се работи и на зајакнување на двата главни челични носачи. На наша голема радост санацијата на мостот се одвива побрзо од предвидената динамика и така ќе продолжи и во наредниот период.

Рокот за завршување на целата интервенција е до јуни 2022 година.

Сподели: