Мени

Завршена рехабилитацијата на Р2336 Оморани- Теово во Општина Чашка печати

Скопје, 14.10.2020

Јавното претпријатие за државни патишта со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните започна градежни активности на повеќе делници во Општина Чашка. Една од нив е Оморани-Теово, во должина од 2,2 км која што е веќе завршена. Вредноста на инвестицијата беше 10 милиони денари.

Градежните работи беа предвидени во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2020 година, а се изведуваа преку Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.

Метар по метар километар. Километри што живот значат!

Сподели: