Мени

Завршени се градежно санациони работи на мост бр.4 на Р2344 (Чашка - Лисиче)печати

Скопје, 22.07.2020

Во периодот од 18.03.2020 година до 17.07.2020 година се изведуваа градежни санациони работи на мостот бр.4 на Р2344 (Чашка-Лисиче) во вредност од 8.000.000,00 денари (безДДВ).

Мостот изграден над река Тополка претставува армиранобетонска кострукција на еден распон со должина од 9,8m. Со реконструкцијата на мостот ширината на асфалтниот коловоз изнесува 6м.

Со санацијата под асфалтниот коловоз изведена е нова армирано бетонска плоча, како и парапетни греди на кои е поставена заштитна одбојна ограда по EN-стандадри. Реконсонструирани се комплетно двата крајни столба и армирано бетонските крила и нивните темели. 

Безбедноста пред сѐ!

Сподели: