Визија и Мисијапечати

Агенцијата за државни патишта ќе продолжи со реализација на почнатите проекти при што во текот на следната година е предвидено да биде целосно завршена изградбата на регионалните делници Коњско-Кожуф, Коломот-мост с. Близанско (патот за Порече) и изградбата на делницата Радовиш-Струмица.

Исто така во 2011 година приоритет даваме и на завршување на изградбата на автопатската делница од Коридорот 10, Табановце-Куманово со што практично останува неизградена уште една делница од овој Коридор на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изведбениот проект за  изградба на оваа автопатска  делница, во должина од 28,2 км, е завршен. Согласно проектната документација изградбата на оваа автопатска делница ќе изнесува околу 245 милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку заеми од Меѓународните финансиски институции, односно преку ЕБРД, ЕИБ и ИПА гранд средства (во износ од 45 милони евра). Се планира градбата да отпочне кон крајот на 2011 година а градежните активности да се реализираат во период од 4 години односно 6 години вклучувајќи го и гарантниот период. Во 2011 година ќе продолжиме со реализација и на проектите за реконструкција на регионални и локални патишта со Светска Банка но и ќе почнеме со градежни работи и на проектите за кои е обезбеден заем од ЕБОР а исто така се однесуваат на подобрување на локалната и регионалната патна мрежа.

Покрај реализацијата на овие, во текот на следната година Агенцијата за државни патишта ќе работи и на други проекти за сигнализација на патиштата, изградба на приклучоци, реконструкции и рехабилитации, мостови како и изработка на проекти за изградба на нови делници.

Сподели: