ADP
Република Македонија Јавно претпријатие за државни патишта

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Заради ефикасно функционирање и извршување на работите од својот делокруг во Јавното претпријатие функционираат :

  • Самостојни одделенија - се организациони единици кои не се во рамки на Сектор, туку се под директна надлежност на Директорот на Јавното претпријатие
  • Самостојни сектори - се организациони единици под директна надлежност на Директорот на Јавното претпријатие
  • Сектори - се организациони единици под директна надлежност на Помошник Директор
  • Одделенија во рамките на секторите

Заради вршење на работите од наплата на патарина Јавното претпријатие има подружници – наплатни станици, кои во платниот промет немаат својство на правно лице и не настапуваат самостојно.

I. Самостоен сектор е:

  1. Сектор за финансиски прашања во рамките на кој функционираат следните одделенија
  • Одделение за меѓународни плаќања и следење на договори со меѓународни плаќања и следење на договори со меѓународни финансиски институции
  • Оддделение за финансиско планирање и анализа
  • Одделение за сметководство и плаќања

II.  Самостојни одделенија се:

  1. Одделение за внатрешна ревизија
  2. Одделение за информатички  и комуникациски технологии
  3. Одделение за контрола

III. Сектори во Јавното претпријатие под директна надлежност на Помошник директор,      во рамките на кои функционираат одделенија се:

  1. Секторот за правни работи, подготовка на постапка за експропријација, управување со човечки ресурси и општи работи
  • Одделение за правни работи и подготовка на постапка за експропријација
  • Одделение за управување со човечки ресурси и општи работи

     2.  Сектор за јавни набавки

  • Одделение за јавни набавки

    3.  Сектор за одржување, на патишта, сообраќајна сигнализација, заштита                 на патишта и наплата на патарина

  • Одделение за одржување на патишта и сообраќајна сигнализација
  • Одделение за заштита на патиштата
  • Одделение за наплата на патарина
  • Одделение за одржување на електрична инсталација и анализа на сообраќај

    4.  Сектор за инвестиции

  • Одделение за инвестиции и градба на патишта
  • Одделение за планирање, следење и администрирање на техничка документација
  • Одделение за  управување со меѓународни проекти
  • Одделение за заштита на животна средина и социјални аспекти

© 2014, Јавно претпријатие за државни патишта. Сите права задржани.