ДИРЕКТОРпечати

Директор на Јавното претпријатие за државни патишта
Дипл.правник Зоран Китанов

Зоран Китанов на местото Директор на ЈП за Државни патишта дoаѓа од позицијата Директор на ЈП „Струмица-Гас” од Струмица.

По завршувањето на Правниот факултет, отсек правосудство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започнува со работа во меѓународна шпедиција, каде и како Менаџер успешно работи до 1997 год. Потоа продолжува со работа во АД Македонски  Телеком  како Менаџер за правни работи, каде останува до 2005 год.

Во 2011 год. започнува со работа како Директор во ЈП „Струмица-Гас“ и со успех спроведува проект за гасификација на град Струмица. Бидејќи не постои гасоводна цевка до Струмица, проектот успева да го спроведе преку т.н. виртуелна гасификација со принцип на CNG, со што Струмица станува првиот системски гасифициран град во Р.Македонија. Следните шест години продолжува со реализација на проектот гасификација на Струмица и реализира 35,000 метри гасоводна мрежа, декомпресиска станица со капацитет од 2500 м3/час, преку 30 мерно регулаторни станици и др. Во текот на целиот овој период се направени и првите гасни приклучоци на домаќинства во РМ, а во понатамошниот период и на стопански субјекти и отпочната е реализација на гасификација на земјоделски парцели со цел да се прекине со користење на дрвото како загревен елемент на оранжерии како би се спречило сечењето на шумите и зголеменото загадување на животната средина. Со овој проект се поставени и темелите на отпочнувањето на подготовката за когеративни постројки во наредниот период.

Г-н Китанов е добитник на општествени признанија и награди за овој проект, а учествува и на многу дебати и конгресни гостувања, вклучително и како демонстратор на симпозиуми, организирани од страна на амбасадите на САД И ЕУ.

Во изминатите години учествува и на симпозиуми на Енергетската заедница со седиште во Виена, каде ЈП „Струмица-Гас“ е прва институција од РМ примена во оваа Заедница, за што г-н Китанов се има посебно заложено.

Сподели: