Мени

Известување за јавна расправапечати

Скопје, 07.09.2021

Се известуваат сите заинтересирани страни, дека на 15.09.2021 година (среда) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за реализација на проект за инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен, во должина од околу 9.2 км.

Нацрт текстот на Проектната програма за изработка на техничка документација на ниво на проект за инфраструктура, заедно со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за реализација на проект за инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен, се објавени на страната на Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Ресен (известување за спроведување на постапка), соодветно.

Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата тоа може да го направат на следниот линк: MS Teams link за Јавна расправа - Обиколница на Ресен. Дополнително, Ве замолуваме, да го пријавите вашето учество најдоцна до 14 септември (вторник) во 12.00 ч на следната е-маил адреса: m.manova@roads.org.mk.

Сподели: