Мени

Известување за спроведување на постапка за консултации со јавноста во врска со „Извештај за стратегиска оцена на проект за Инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен“печати

Скопје, 17.08.2021

Јавното претпријатие за државни патишта ја информира јавноста, дека согласно Законот за животна средина спроведува постапка за консултации со јавноста во врска со „Извештај за стратегиска оцена за реализација на проект за инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен“, во должина од околу 9.2 км.

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за наведениот проект, се објавува по претходно добиено позитивно мислење од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), со бр. 15-3846/2 од 9 август 2021 година.

Следните документи може да се прегледаат тука:

  1. Мислење по Нацрт извештај за стратегиска оцена од МЖСПП
  2. Нацрт извештајот за стратегиска оцена на проект за Инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен
  3. Проектната програма за изработка на техничка документација на ниво на проект за инфраструктура

Нацрт извештајот ќе биде достапен за увид на јавноста во следните 30 дена, сметано од 18.08.2021 година, во просториите на ЈП за државни патишта, како и на интернет страниците на претпријатието и Општина Ресен: www.roads.org.mk и www.resen.gov.mk, соодветно.

Лица за контакт во текот на спроведувањето на постапката за консултации со јавноста:

Јавно претпријатие за државни патишта
Милена Манова Илиќ
Тел: 02/3118 044 лок.305
E-mail: m.manova@roads.org.mk


Општина Ресен
Ајман Ал Малла
Тел: 070 / 342 - 178
E-mail: ajman.almalla@resen.gov.mk

Сподели: