Одлука за висината и начинот на плаќање на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возилапечати

Според член 57, СТАВ 2 од Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр. 84/2008, бр.52/2009 и бр.124/2010) имателите на моторни возила што подлежат на регистрација надоместокот за употреба на јавните патишта го плаќаат при регистрација на возилата.

Висината и начинот на плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) е утврдена во член 4 од "Одлуката за висината и начинот на плаќање на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила (патна такса“,  донесена од Владата на Република Македонија и објавена во "Службен весник на РМ" бр.118/2009).

Одлуката е донесена врз основа на член 57 став 1 од Законот за јавни патишта.

Патната такса за моторните и приклучните возила што подлежат на регистрација се плаќа за период од 12 месеци, односно за период колку што трае регистрацијата на возилото.
Моторните возила што се регистрираат за време покусо од 12 месеци плаќаат сразмерно дел од утврдената патна такса.

Имателите на моторни и приклучни возила со кои се врши меѓународен сообраќај имаат право да бараат враќање на уплатениот износ сразмерно на времето што моторното и приклуното возило го поминале надвор од Република Македонија.

Барањето за враќање на износот се поднесува до Јавното претпријатие за државни патишта. Кон барањето задолжително се доставува доказ за времето што возилото поминало надвор од Република Македонија.

Врз основа на членот 65 од Законот за јавните патишта („Сл.весник“ на РМ бр. 84/2008), од плаќање надоместок за употреба на јавните патишта (патна такса) се ослободуваат возилата на: лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Во продолжение можете да ја преземете Одлуката за висината и начинот на плаќање на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.118/09 од 28.09.2009 година и Одлуката за изменување на Одлуката за висината и начинот на плаќање на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.103/14 од 10.07.2014 година.

Сподели: