Мени

Рустеми: „Обезбедивме речиси 8 милиони евра за рехабилитацијата на магистралниот пат Подмоље-Струга-Ќафасан“ печати

Скопје, 03.10.2022

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со првиот вице премиер  и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, извршија увид во градежните работи за рехабилитацијата на магистралниот пат А3 Подмоље-Струга-Ќафасан  во должина од 20.5 км за што се обезбедени средства во висина од 7,998,144.00 евра преку ЕБОР.
Регионалниот пат кој води кон граничниот премин Ќафасан и ја поврзува Република Северна Македонија со Република Албанија е изграден во времето на поранешна Југославија и подолг период е во состојба која бара негова реконструкција.

„Овој патен правец е со голема фреквенција на движење и е важен не само за жителите од овој регион туку и за сите нас бидејќи тој води до Тирана, а понатаму и до Драч со што отвора можност и за полесен проток на стоки и услуги. Изведувачот на работите Илинден-Струга беше воведен во работа во средината на јули и очекуваме градежната активност да биде завршена за 15-тина месеци и кон крајот на идната година овде да се вози по нов рехабилитиран пат и нов асфалт. Надзорот го врши ГЕИНГ и верувам дека заедно ќе го испочитуваме наведениот рок за во блиска иднина да може да се вози по нов и безбеден пат. Реконструкцијата започнува од надвозникот кај Подмоље и завршува на граничниот премин Ќафасан. По целата должина ќе се врши рехабилитаџија на коловозната контрукција, на три постоечки мостови, на плочастите пропусти, потпорните ѕидови, како и комплетна обнова на хоризонатлната и вертикалната сигнализација“, изјави при увидот директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. 
Инаку, државниот пат А2 е од класа магистрален пат, наменет за моторен сообраќај и со променлива ширина од 7,7 метри до 11,2 метри бидејќи во еден дел од патот е проширен во 2000 година со трета лента.

Изградбата е поделена во три дела и во моментов се работи на две секции каде што се изведуваат градежни работи и машините, багерите работат со полн капацитет за да се искористи поволното време.
Рустеми побара од жителите на околните места као и од сите кои ќе гравитираат кон овој правец да бидат трпеливи додека се изведуваат градежните работи и да го прилагодуваат своето движење согласно со условите на патот.

Сподели: