Мени

Рустеми „Интензивно се извршуваат градежни активности на клучката и надвозникот Градско, дел од изградбата на експресниот пат Градско–Дреново“печати

Скопје, 15.03.2022

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во изградбата на новиот на експресен пат Градско-Дреново кој е дел од кракот Д на коридорот 10. Овој централен дел на државата историски е познат како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за нашата земја туку и за поширокиот балкански регион. Тука се вкрстуваат значајни патни и железнички јазли, кои создаваат врска со северниот и јужниот дел на Балканот и токму затоа е коридорот 10 важна меѓународна рута која поминува низ нашата земја.

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделен на три делници: Првата делница изградба на експресен пат Градско-Дреново, втората делница изградба на експресен пат Дреново–Фариш и третата делница проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од с.Беловодица-Каменолом Маврово.

„Овој пат е еден од најзначајните патни правци во државата, каде што дневно поминуваат неколку илјади возила од сите категории. Делницата Градско–Дреново се финансира од Програмата за национални патишта, односно средствата се обезбедени од ИПА фондовите во висина од 21  милион евра, со национално ко-финансирање во висина од 3,7 милиони евра или вкупно 24,74 милиони евра. Првата делница Градско-Дреново ја гради компанија Штрабаг, Надзорот е ЕГИС во конзорциум со Хилл. Инаку, овој дел од експресниот пат е со должина од 15,5 км. и на оваа делница е предвидено да се изградат 4 вијадукти, 4 натпатници, 4 потпатници и две клучки кај Градско и Росоман. Експресниот пат ќе има две возни ленти од 3.5м, две ленти за застанување од 2.5м, и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12.4м. Интензивно се извршуваат градежни активности на клучката и надвозникот Градско. Процентот на реализација до овој момент е 39,33 %, а рокот на изведба е до јули 2023 година“, изјави по извршениот увид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Очекуваме централниот регион оваа пролет и лето да биде едно големо градилиште и граѓаните во блиска иднина да добијат подобра патна инфраструктура која ќе значи и поголема развиеност на регионот.

Сподели: