Мени

Извршен увид на делницата Маврови Анови-Жировницапечати

Скопје, 21.12.2020

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, заедно со градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, претседателот на советот на општина Маврово и Ростуше Алил Алили и директорот на Националниот парк „Маврово“ Самир Ајдини извршија увид во градежните работи на рехабилитацијата на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Делницата е во должина од 18,5 км, со ширина од 6 метри, а издвоената вредност е 6,18 милиони евра, средства обезбедени преку ЕБОР.

Во моментов се изведуваат подготвителните работи, а увид беше извршен на еден од повеќето потпорни ѕидови на кои се изведуваат градежни работи. Работите се изведуваат според предвидената динамика и очекуваме да завршат до август следната година.

Да потсетиме. Јавното претпријатие за државни патишта по добиеното одобрение од страна на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), потпиша Договори за рехабилитација на 6 делници со вкупна должина од 84 километри.

#МетарПоМетарКилометар! Километри што живот значат!

 

Сподели: