Мени

Санирано свлечиштето на регионалниот пат Велес - Градскопечати

Скопје, 20.10.2020

Одронот кај месноста позната како „Цуцка“ беше закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот од 2018 година кога се појави. Јавното претпријатие за државни патишта тогаш направи времена интервенција и санација на големиот одрон кој го оштети не само патот, туку и дел од железничката пруга, а потоа засукавме ракави и се зафативме со трајно решавање на проблемот.

ЈПДП пролетва отпочна со градежни активности за санација на свлечиштето и при тоа бевме сведоци на интересни и актрактивни начини на санација. Се чини дека најинтересен беше делот на таканареченото „кавање“ на карпата кое го правеа симпатичните момци алпинисти. Тие вешто се качува на косините и рачно ги соборуваа сите карпи што се во нестабилна состојба.

Потоа следуваше ставање на шипови во карпите, ставање на заштитни мрежи, бетонирање за да се запре одронувањето и продорот на водата во самите карпи којашто е и најголемиот штетник за  патиштата. А потоа, продолжија градежните активности за заштита од повторни одрони, како и поставување на нов асфалт. Беше санирано и оштетувањето на делот на железничката пруга. 
Веќе денес санацијата на свлечиштето Велес-Градско кај месноста Цуцка е завршена. При тоа беа изведени:
 Изградба на потпорен ѕид и санација на дел од пат кој беше уништен;
 Бетонирана е врзна греда со поставување на нова еластична ограда од тип H2W1;
 Извршено е кавање на карпата;
 Извршено е поставување на SN и SDA анкери во карпа за мрежа и торкет бетон;
 Извршено е поставување на торкет бетон прва фаза, поставување на арматурна мрежа
    и поставување на торкет бетон втора фаза;
 Извршено е поставување на заштитна мрежа со бетонски тегови заедно со челична
    сајла за зајакнување на заштитната мрежа; 
 Извршено е поставување на бариера за заштита од одрони со минимум кинетичка
    енергија на апсорбција од 1000 кЈ;
 Изработка на ригола со бетонски ивичњак;
 Изработка на асфалт тип АБ11;
 Расчистување на локација и повлекување на градежна механизација од локација.

    

Инвестиционата проценета вредност, пак, со ДДВ за санацијата изнесуваше 62.441.350,74 денари.

Сподели: