Мени

Китанов: Кавадарци добива убава, нова и безбедна сообраќајница на транзитниот делпечати

Скопје, 10.10.2020

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев извршија увид во градежните работи кои се при крај на транзитниот дел на Кавадарци на регионалниот пат Р1103 во должина од 1,2 км и вредност од 0,30 милиони евра.

Овој дел од Кавадарци е особено значаен за граѓаните на општината бидејќи е исклучително фрекфентен и затоа се наметна потребата од негова реконструкција.
Минатата година Јавното претпријатие за државни патишта го рехабилитираше делот на патниот правец од Росоман кон Кавадараци и тогаш всушност се роди и идејата за соработка со Општината и се изработи проект за реконструирање на транзитниот дел на Кавадарци кон Неготино.
„Соработката резултираше со овој проект кој го изработи локалната самоуправа, а ЈПДП го направи проширувањето и асфалтирањето. Граѓаните на Кавадарци добија убава, нова и безбедна сообраќајница”, изјави директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека преку реконструкцијата на оваа делница имаме успешен пример на соработка на централната и локалната власт и како треба да се одржува патната инфраструктура во градовите.
„Вака ќе продолжиме и во иднина сѐ со цел да обезбедиме поквалитетна инфраструктура на градовите и поквалитетен живот на граѓаните”, потенцираше Бочварски.
Градоначалникот Митко Јанчев рече дека ова е особено значаен проект заради тоа што се реши еден голем проблем за фрекфенцијата на сообраќај во овој дел од градот.

„Благодарение на успешната соработка успеавме да го решиме да го прошириме и влезот од Росоман и да добиеме булеварско решение заради големиот проток на сообраќајот и исто така го решивме и проблемот на сите фирми коишто гравитираат во овој дел”, изјави градоначалникот Јанчев.

ЈПДП очекува во нареднава недела работите да завршат иако предвиденот рок за изведување на работите беше во декември.

Сподели: