Мени

Сугарески – Китанов: Изградба и рехабилитација на преку 400 километри патна мрежапечати

Скопје, 19.06.2020

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски,  министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски извршија увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Алдинци-Житоше.

„Рехабилитацијата на патот Алдинци-Норово-Житоше, во должина од 10 км и во вредност од 0,32 милиони евра, ја правиме заради тоа што е насушна потреба на жителите овде и затоа што е прекатегоризиран и е во наша сопственост, а обврска на оваа, и на идната Влада е да се направи еден убав проект и овој пат во иднина да прерасне во еден поширок пат, безбеден за сите граѓани и нека Ви е создравје да си го користите!”, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов по извршениот увид.

Министерот Горан Сугарески рече дека: „Сè она што ветивме во Владината програма активно го работиме на терен: преку 400 километри патишта, дваесетина проекти за канализации и водоводи, изградба на магистралниот гасовод и други капитални проекти. Оваа Влада покажа како треба да се работи, цела држава е едно огромно градилиште и уверувам дека со исто такво темпо ќе продолжиме да работиме и понатаму. Овој пат јас го ветив пред граѓаните и ова е нашето исполнување. Активно работиме и на рехабилитација на патот Крушево–Слива-Пуста Река”. 
Тој информираше и за останатите проекти во овој регион,  а директорот Китанов за останатите делници кои се рехабилитираат  согласно со Програмата од 2019 година кога се отпочнати проектирањата.

„Покрај рехабилитацијата на патот Алдинци-Житоше во моментов работиме и на регионалните патишта Лажани-Житоше и Крушево-Слива-Пуста Река. Сите овие проекти се во Програмата  на ЈП за државни патишта уште од 2019 година и немаат никаква врска со изборите што следуваат. Проектите предвидени за овој регион, за дел од кои тендерите се веќе објавени, а дел ги објавуваме следниот месец, се реализираат преку Европска Банка за Обнова и Развој и истите се проектираа најмалку една година. Граѓаните можат да очекуваат почеток на рехабилитација на регионалните патни правци Крушево-Демир Хисар, Кривогаштани-Крушево, Битола-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар и Кичево – Македонски  Брод. Значи, во целиот овој регион од Кичево и Македоски Брод до Крушево, Демир Хисар и Битола периодов интензивно ќе се гради на 100-тина километри во вкупна вредност од 14.7 милиони евра за доброто на сите граѓани“, рече директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Сподели: