Мени

Китанов: „Три години во нашата држава сериозно се гради, се рехабитираат и градат нови патишта, мостови, свлечишта како никогаш досега!"печати

Скопје, 15.06.2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов направија увид на повеќе делници од патната инфраструктура во Југоисточниот дел на нашата земја.

По извршениот увид премиерот Спасовски изјави: „Се уверивме дека градежните работи на сите делници, за изградба, реконструкција и за рехабилитација на регионалната патна мрежа, се во полн ек и работите се извршуваат според предвидениот план. На ова место стигнавме од увидот во изградбата на регионалниот пат Старо Коњарево – Ново Коњарево, во должина од 3,4 километри. Таму градежните работи се веќе завршени, а стариот мост на оваа делница е комплетно саниран и проширен, со пешачки патеки од двете страни. Некои од патните правци, како што се рехабилитацијата на оваа делница село Банско до Колешино, во должина 5,6 километри, ќе биде завршена за 10 дена“.
Спасовски посочи дека во текот на овој месец ќе заврши и рехабилитацијата на регионалниот пат Радовиш–Плачковица, а рехабилитацијата на државниот пат, односно на делницата од Раброво до граничниот премин Дојран, ќе заврши во август.
„Ги издвојувам овие патни правци и делници што ќе бидат завршени во текот на овој месец и во текот на летото, и сакам да нагласам дека во целиот Југоисточен регион е во тек една интензивна градежна офанзива. Се градат, реконструираат и рехабилитираат уште десеттина патни правци и делници, сè во интерес на граѓаните од овој регион и во изминатите три години се инвестирани една милијарда евра во патна инфраструктура“, потенцираше премиерот Спасовски.

„Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, се градат и реконструираат и рехабилитираат 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1.500 километри запуштени, или целосно уништени постоечки патни правци“, уште еднаш ги потенцираше бројките премиерот Спасовски.
Тој посочи дека сите овие активности се остваруваат во време на вонредни околности предизвикани од пандемијата со корона.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески потенцираше дека стратешките планови и интенцијата на оваа Влада е да обезбеди брзи патни врски со соседите.
„Тргнувајќи од главниот град, го изградивме автопатот од Скопје до Штип, го рехабилитиравме постоечкиот пат Штип-Радовиш,  интензивно го градиме и експресниот пат Штип Радовиш, понатаму рехабилитиравме делници од Радовиш до Струмица, го рехабилитиравме патот до Ново Село, кон Берово исто така, изградивме нов пат од Ново до Старо Коњарево, така да се до границата со Бугарија обезбедивме нова, квалитетна и брза патна врска. Со ова отвораме можност за економски развој на Струмица и цел регион, за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните“, истакна министерот Сугарески.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов рече дека веќе три години во нашата држава сериозно се гради, се рехабитираат и градат нови патишта, мостови, свлечишта како никогаш досега.
„Со еден збор, градењето не е застанато бидејќи е од исклучителна важност за целата држава. Денес стигнавме по пат кој што минатата година го рехабилитиравме преку проект од Светска банка Ново Село до граничниот премин. Дојдовме до патот кој од граничниот премин од Старо Коњарево кој го поврзува целиот овој регион којшто е дамнешна желба на граѓаните од овој регион да не мора да вртат дваесеттина километри да се приклучат на патот за до граница и сега за само четири километри на еден стар земјен пат стоиме на комплетно направен пат со ширина од шест метри, реконструиран мост и задоволството на овие граѓани е големо“, потенцираше директорот Китанов.
Тој посебно истакна дека сите рехабилитации и градби се градат по квалитетни проекти и најави дека се при крај проектите за тесното грло Струмица - Дабиле и го најави завршувањето на проектот за Коридорот 10 за поврзување на граничен премин со Ново Село сосема нова траса и експресен пат.
Тој потврди дека се очекува до крајот на годината, предвреме да се пушти експресниот пат Штип-Радовиш и граѓаните од целиот овој регион да бидат целосно поврзани како што заслужуваат сите граѓани во 21-виот век.

Линкови до изјави:
Оливер Спасовски, претседател на Влада на РСМ
https://www.youtube.com/watch?v=6i8GwjAgZ64&feature=emb_title

Горан Сугарески, министер за транспорт и врски
https://www.youtube.com/watch?v=DA9lNT2IBtg&feature=emb_title

Зоран Китанов, директор на Јавно претрпијатие за државни патишта
https://www.youtube.com/watch?v=snOC96trqwk&feature=emb_title

Сподели: