Мени

Китанов-Сугарески: Обезбедуваме поголема безбедност и решаваме долго годишниот проблем на граѓаните и туристите на Општина Ресенпечати

Скопје, 10.06.2020

Со санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид) решаваме долгогодишен проблем на граѓаните на Општина Ресен и на големиот број на туристи кои се движат по овој регионален пат.

Патот го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога кој го подготвуваме инфраструктурно за отворање. Обезбедуваме поголема безбедност на граѓаните и туристите и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка.

„Интензивно работиме на подготовка на инфраструктурата за што поскоро отворање на граничниот премин Маркова Нога. Во моментов го санираме свлечиштето на  регионалниот пат Макази–Маркова Нога, со што обезбедуваме поголема безбедност на граѓаните и туристите и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка“, потенцираа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов при увидот во санација на свлечиштето Маркова Нога. Проектот е со вредност од околу 1,8 милиони евра, а предвидена е санација во должина од 250 метри.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов рече дека градежните работи за санација на свлечиштето се одвиваат во неколку фази и со овој проект значително се зголемува безбедноста на патот и функционалноста на сообраќајот на делницата од Макази до Маркова Нога.

„Изминатата година, со комплетна рехабилитација и поставување на нов асфалт на делницата од раскрсницата до Ресен, решивме еден горлив проблем на граѓаните на општината. Но, не застанавме тука. Инвестициите во патната инфраструктура во овој регион продолжуваат, а безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Во моментов, покрај санација на свлечиштето, во тек е проектирање на Обиколница на Ресен, со што ќе го решиме движењето на товарните возила низ градот и во голема мера ќе придонесеме за зголемување на безбедноста на жителите на околните места и сите учесници во сообраќајот“, изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски истакна дека подобрувањето на инфраструктурата ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и локален економски раст.

Во текот на 2018 година се случи големо свлечиште близу село Штрбово, место викано Долги Рид. Основниот проект за санација на свлечиштето и распишавањето на тендерот следеше наредната 2019 година, по што се започна со активностите. Првата етажа од свлечиштето е завршена, се продолжува со втората за целосно оформување на сите 4 етажи кои имаат вкупно 45.000,00 м3 ископ на земјен материјал и насип на 35.000,00 м3 земјен материјал.  По завршување на горенаведените активности ќе се започне со армирано бетонските работи, односно бушење и бетонирање на АБ колови на вкупно 162 колови, за подоцна да се продолжи со поставување на надколова плоча и поставување на бетонски ѕид.

Сподели: